По вчерашната експлозија во бивша велешка Топилница: Инспекторатот испитува дали е опасно

Државниот инспектор за животна средина вчера изрече усна забрана за работа на „ЗД Отпад Охрид“, компанија која е ангажирана од Метрудхем да го отстрани отпадниот метал од поранешната топилница во Велес, откако вчера таму се случи експлозија и пожар.

Инспекторатот бара компанијата Метрудхем која е сопственик на објектите во најитен рок да достави документација за отстранување хемикалии и опасен отпад и нивно евентуално чување на локацијата.

Локалните медиуми објавија дека вчера претпладне се запалила филтерската постројка, од која при горењето се ослобил густ бел чад со изразена непријатна миризба. Пожарникарски екипи излегле на терен  и за 40 минути го локализирале и изгласнале огнот.   Опожарена е површина од 100 метри квадратни. Причината за пожарот е сечење на метал со пневматски ножици на стара неупотреблива постројка за филтрирање.

Од Инспекторатот направиле увид и ги потврдија овие информации, но во извештајот укажуваат дека не може да се утврди дали причината е контакт на искра со стара електрична инсталација, или со талог од експлозивна хемикалија.

По анализата на документацијата и прибирањето докази, Државниот инспекторат за животна средина информира дека ќе бидат преземени соодветни мерки.

Претходна вестДосега вакцинирани се 196.000 лица, чекаат на ред уште речиси 375 илјади
Следна вестПриштина го разреши амбасадорот во земјава, бил политички назначен