Од сабота почнува неколкудневно интензивно прскање против комарци

Во периодот од 22 до 28 мај на подрачјето на Скопје ќе се спроведе интензивно прскање против возрасните форми на комарците, соопшти денеска градската администрација.

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 22.05.2021 (сабота) и на 23.05.2021 (недела), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 24.05.2021 (понеделник) до 28.05.2021 (петок), во период од 22 до 03 часот, наредниот ден, се наведува во соопштението.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

 Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се наведува во соопштението.

Претходна вестСелекторот Ангеловски: Знаеме што играме, целта што си ја поставив за ЕП е поминување на групната фаза  
Следна вестДосега вакцинирани се 196.000 лица, чекаат на ред уште речиси 375 илјади