Државната матура ќе се полага на 27 мај и 10 јуни, неизвесно дали ќе се скрати материјалот

Испитот на зрелоста матурантите годинава ќе почнат да го полагаат на 27 мај, објави Државниот испитен центар. Тогаш е предвидено да се полагаат македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература, а на 10 јуни математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, естетика. Но, она што е неизвесно дали просветните власти ќе го скратат материјалот за учење поради часовите што учениците ги изгубија заради лажните дојави за поставени бомби, но и заради продолжениот распуст. Такви анализи се правеле во ДИЦ но одлуката се уште не е донесена.

Второто полугодие од наставната 2022/2023 наместо на 18, почна на 23 јануари. Учебната година ќе заврши на 14, наместо на 9 јуни 2023.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири неодамна изјави дека целосно ќе се реализира наставната програмата и целосно ќе се реализира сѐ што е предвидено во датумите за државната матура и во делот за предвидените испити од матурата.

Од Унијата на средношколци в недела ќе одржи генерално собрание, на кое ќе се одлучува што ќе бараат матурантите од надлежните да направат за да им го олеснат полагањето на испитот на зрелоста.

Претходна вест„Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџијан ерлајнс“ со понуди на тендерот за субвенции за летови од Скопје и Охрид
Следна вестТешки битки се водат во Источна Украина, потврдуваат и Русите и Украинците