Темен режим Режим на светлина

„Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџијан ерлајнс“ со понуди на тендерот за субвенции за летови од Скопје и Охрид

Доставени се три барања за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии од двата аеродрома, Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид.

„Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџијан ерлајнс“ ја доставија документацијата на повикот, што траеше од 20 декември 2022 година до вчера. Комисијата составена од членови од неколку државни институции во следниот период ќе изврши евалуација на доставените понуди.

-Јавниот повик за субвенционирање нови авиолинии беше распишан во согласност со политиките на фер и конкурентски услови во согласност со регулативата на Европска Унија, велат од Министерството за транспорт и врски.

Финансиската поддршка има цел поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Македонија заради квалитетен развој на цивилното воздухопловство, формирање поконкурентни и подостапни цени на билетите, што директно подразбира нови дестинации за граѓаните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Основците во Аеродром ќе играат текбол, Општината доби донација од 40 табли и 80 топки

Следна објава

Државната матура ќе се полага на 27 мај и 10 јуни, неизвесно дали ќе се скрати материјалот