ДУИ и СДСМ да не читаат сосема друг Извештај од Брисел?

Македонија вчера доби остри критики до Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјата кон членството во ЕУ. Судството, борбата против корупцијата, реформата на администрацијата и институциите и натаму се најголем проблем кој никако да се реши со години.

А за сето ова, власта нон-стоп вели дека го средува, реформира.

Сега за лошите оценки имаат сосема друго видување. Имено, министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, побрза прстот за одговорноста да го насочи кон опозицијата. Според него, клучниот проблем за извештајот на Европската комисија (ЕК) и забелешките во него е тоа што Собранието е блокирано од опозицијата и што не се носат закони.

-Јасно во извештајот вели дека политичката поларизација и блокирањето на парламентот оневозможува да се донесат голем број на законски и реформски решенија коишто би ги адресирале слабостите коишто евентуално ги констатира ЕК и тоа навистина е сериозна порака до сите политички партии. Ова што го гледаме како детектирана слабост се симптоми на еден проблем, а проблемот е политичката поларизација, односно обид да се ставаат партиските интереси над државните. Иронија е да се повикувате на борба против корупцијата, а да го блокирате отворањето на поглавјата 23 и 24 кои во суштина се борба против корупцијата, потенцира Османи.

Вчера на ова се придружи и владеачката партија СДСМ која директно укажа дека причината за ваков извештај се најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер.

ДПМНЕ, Мицкоски и Левица се кочничари на европскиот пат. Ова го потврди извештајот на Европската комисија, во кој клучен проблем и забелешки се тоа што Собранието е блокирано од страна на опозицијатаИзвештајот укажува на потребата да се донесат уставните измени и реформите за ЕУ кои ги блокираат токму Мицкоски и ДПМНЕ, соопшти владеачката партија.

А од друга страна, во Извештајот на ЕК критиките беа директни: парламентот е поларизиран и нема напредок во судството и борбата против корупцијата. Како главни причини за лошиот резултат во овие три области Брисел ги посочува несоодветната употреба на европското знаменце, измените на Кривичниот законик и случувањата во Судскиот совет.

Тука е потсетувањето дека ЕУ – знаменцето треба да користи при усвојувањето на закони чија основна цел е усогласување со правото на ЕУ, а не со кратка јавна дебата за важни прашања.

Со критики е и борбата против корупцијата. За неа е напишано дека и тука нема напредок, а корупцијата е нотирана како широко распрострената во многу области, а за која Комисијата изразува сериозна загриженост.

-Се зголемија одложувањата и повторувањата на судењата на случаите на корупција на високо ниво, што резултираше во некои случаи со застареност. Кривичниот законик е изменет по забрзана собраниска постапкаМаксималните законски казни за конкретни дела поврзани со корупцијата се намалија, што имаше импликации со застарување, запирање или дури прекинување на голем број случаи на корупција на високо ниво, вклучително и од поранешното Специјално јавно обвинителство, се укажува во Извештајот.

Оценките и критиките се очигледно јасни. Јасна е и главната адреса каде тие се испратени. 

Дали можеби во СДСМ и ДУИ читале друг извештај?

Претходна вестСинот со нож го убил својот татко во Скопје
Следна вестСилувал над 40 жени и девојчиња, полицијата го заштитувала, жртвите го линчувале