„ДУНА“: Апликацијата е беспрекорна, сајтот на ДИК беше цел на хакерски напад

Апликацијата поврзана со изборниот процес функционира најнормално, но страницата на Државната изборна комисија беше цел на хакерски напад, информираа денеска од компанијата „ДУНА”.

– Апликацијата на ДУНА поврзана со изборниот процес на парламентарните избори функционира најнормално затоа што е врвно изработен продукт. Таа беспрекорно даваше резултати за излезноста на секои пет минути. Но, страницата на Државната Изборна Комисија, каде беше поставена нашата апликација, беше цел на хакерски напад. Ние успешно ја завршивме работата. Доколку не постоеше оваа апликација, тогаш резултатите ќе се броеја рачно, вели Александар Пајковски од „ДУНА”.

 

Тој објаснува дека апликацијата е подготвувана повеќе од половина година, со низа технички специфичности кои ги немало досега и била изработена по барање на ДИК.

– Нашата апликација е беспрекорна, но интернет страницата беше атакувана преку т.н. софтверски тероризам со сили од повеќе странски држави, посочува Пајковски.

Претходна вестАпасиев и Грчева обвинуваат за изборна кражба, имале нула гласови таму каде гласале нивните членови
Следна вестУште еден црн ден: 8 пациенти починале од вирусот, 94 се новозаразени