Едно лице загина при судир на автобус и возило во близина на клучката кај Три Чешми

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случила синоќа на клучката кај штипската населба Три чешми на експресниот пат Штип – Кочани.

Во незгодата се судриле автобус со беровски регистерски таблички и возило „опел астра“ со пробиштипски регистерски ознаки. Според првичните информации од портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова несреќата се случила во 19.45 часот. Лекарите од Итната медицинска помош на лице место констатирале дека загинал сопатникот од автомобилот, а возачот со повреди е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА потврдува дека едно лице од сообраќајната несреќа веќе е на испитување кај нив, со цел да се утврдат повредите и да добие соодветен лекарски третман. Повредени патници во автобусот нема.

 

Претходна вестПо котлините утринска магла, преку ден сончево со малку облаци
Следна вестВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Левица и СДСМ ја прошириле коалицијата и во другите општини