„Едностраните мерки само долеваат масло на огнот“, кажа германскиот амбасадор во Косово за упадот на косовските специјалци во српските општини

Германскиот амбасадор на Косово Јерн Роде ја поддржа изјавата на ЕУ во врска со операцијата на специјалните единици на косовската полиција кон институциите во српските општини. Истакна дека еднострани мерки не може да допринесат за намалување на тензиите, туку напротив.

Повторно, во потполност ја поддржувам оваа изјава! Едностраните мерки само долеваат масло на огнот и се спротивни на намалувањето на тензиите. Дијалогот што го води ЕУ меѓу Косово и СРбија е единствениот форум за решавање на овие прашања“, наведе Роде на социјалната мрежа Икс.

Европската Унија изрази голема загриженост поради операцијата на специјалните единици на косовската полиција кон институциите во општините Драгаш, Пеќ, Исток и Клина, како и во просториите на невладината организација Центар за мир и толеранција во Приштина, предупредувајќи дека изненадното затворање на нивната канцеларија ќе има негативни ефекти за секојдневниот живот на косовските Срби.

Претходна вестТошковски: Пунктот „Пролет“ ќе работи во две смени, а капацитетот за фотографирање се зголемува шест пати
Следна вестЏафери ќе ја следи ситуацијата во Алијанса на Албанците и ќе постапува според неговите надлежности