Џафери ќе ја следи ситуацијата во Алијанса на Албанците и ќе постапува според неговите надлежности

Премиерот во техничката Влада Талат Џафери во интервју за МИА изјави дека ја следи ситуацијата во Алијанса на Албанците, која има тројца министри во владиниот состав, и дека ќе постапи согласно неговите надлежности. Џафери вели дека нема да се раководи од Фејсбук статуси, туку дека членовите на Владата од оваа партија ќе треба официјално по институционална линија да се изјаснат во ситуација кога имаат спротиставени ставови дали имаат чувство на припадност на овој состав или не.

-Во принцип знаете многу одамна сум кажал не сум политичар од Фејсбук, сходно на тоа не сум премиер кој се раководи со изјави по Фејсбук или на партиски активности. Јас сум премиер на оваа Влада и соодветно ќе треба да се изјаснат, официјално, членовите на Владата во ситуација кога имаат спротивставени ставови, да се изјаснат по институционална линија дали имаат чувство на припадност на овој состав или не. Не можам да се раководам по она што се случува по телевизии и по конференции партиски, изјави Џафери во интервју за МИА.

Извор: Сител телевизија – целиот линк прочитајте го ОВДЕ

Претходна вест„Едностраните мерки само долеваат масло на огнот“, кажа германскиот амбасадор во Косово за упадот на косовските специјалци во српските општини
Следна вест(ФОТО) Македонците на второ место по најниска минимална плата во Европа