Најмалку пет лица загинале во експлозија на фабрика за ракети во главниот град на Турција, Анкара, објави инистерството за одбрана на Турција. Се наведува дека експлозијата се случила во Фабриката за ракети и експлозиви, машини и хемиска индустрија (МКЕ) во округот Елмадаг.
Во соопштението на турското министерство за одбрана се наведува дека се случила страшна експлозија во фабриката во Анкара.
-Во фабриката за ракети и експлозиви МКЕ во округот Елмадаг во Анкара се случи експлозија. Во експлозијата загинаа пет работници. Отворена е судска и административна истрага за случајот, се наведува во соопштението.