Ескобар најавува нови имиња на црната листа на САД

Американскиот заменик-помошник државен секретар, Габриел Ескобар во интервју за 360 степени најави дека ќе има нови имиња од Македонија на црната листа на САД. Според него целиот регион, корупцијата е огромен проблем

-Дозволете ми само да кажам дека оваа администрација, администрацијата на Бајден, е посветена на борбата против корупцијата. Бидејќи корупцијата толку ги нагризува општествата. Не можеме да дадеме најава на санкции, но бидете сигурни дека ќе ги има, рече Ескобар.

Тој додаде дека за целиот регион, корупцијата е огромен проблем, и е срќен што пристапниот процес кон ЕУ му дава централно место на владеењето на правото како услов за влез.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Во трговски центар преполн со луѓе се случи уште една пукотница додека Ковачевски го убедуваше Ескобар колку оваа влада е европска
Следна вестСДСМ за знамето на голема Албанија: Нови провокации на Касами додека неговиот коалицискиот партнер Мицкоски молчи