ВМРО-ДПМНЕ: Во трговски центар преполн со луѓе се случи уште една пукотница додека Ковачевски го убедуваше Ескобар колку оваа влада е европска

Во Скопје  криминалните пресметки се веќе секојдневие. Доказ за тоа е и вчерашната вооружена пресметка, додека Спасовски и Ковачевски не убедуваат за европските вредности.

– За тоа колку власта е европска говори и вчерашниот настан кој веќе е рутина во главниот град, да се случуваат криминални пресметки меѓу криминални пулени на власта, додека во исто време Спасовски и Ковачевски не убедуваат за европските вредности.

Среде Скопје, во трговски центар преполн со луѓе се случи уште една пукотница додека Ковачевски го убедуваше Ескобар колку оваа криминална влада е европска. Во оваа држава криминалците и политичкото водство на државата се едно. Криминалците и истите тие кои се пресметуваат се луѓето чии услуги ги користат властите и затоа е дрскоста со која среде главниот град си се пресметуваат а Скопје го претворија во вестерн стрелиште. Со години влакно не им фали на криминалците кои се заштитени како бели мечки, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поради ова според ВМРО-ДПМНЕ потребна е промена на власта.

Претходна вестКазнети над 260 возачи во Скопје, 99 возеле пребрзо
Следна вестЕскобар најавува нови имиња на црната листа на САД