Казнети над 260 возачи во Скопје, 99 возеле пребрзо

На територија на град Скопје изречени се вкупно 263 мерки при контролите на полицијата во областа на сообраќајот. Меѓу нив, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 99 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 15 санкции за користење на мобилен телефон при возење, три мерки за некористење на сигурносен појас…

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестВремето денеска сончево и многу топло
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Во трговски центар преполн со луѓе се случи уште една пукотница додека Ковачевски го убедуваше Ескобар колку оваа влада е европска