ЕСМ ќе ја продава струја по 53 евра од мегават час, за три евра помалку од досегашната цена

Понуда до ЕВН Хоум со цена од 53 евра за мегават час достави АД ЕСМ на објавениот тендер за покривање на 100 проценти од вкупно планираните количини. Како што информираат од ЕВН Хоум, оваа цена е за околу 5,35 отсто, односно за три евра, пониска од цената добиена на последниот тендер кога изнесуваше 56 евра за мегават час. Понудата наАД ЕСМ била единствена добиена за објавениот тендер за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули-декември 2023.

Од оваа цена најмногу зависи какви сметки  ќе плаќаат граѓаните во следните шест  месеци бидејќи во неа влегуваат и други параметри, но и  ДДВ кое од први ќе скокне од 10 на 18 отсто.

Дали од први јули  ќе има намалување или  благо поскапување на струјата, ќе се знае следната недела кога РКЕ ќе ја соопшти одлуката. Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека струјата нема да поскапи.

-Не очекувам ценовен шок, јас можам да ги убедам граѓаните нема да има ценовен шок, нема да има зголемување на цената на струјата, затоа веќе определивме и пари во буџетот, изјави тој.

Претходна вестНевладините организации не сакаат да учествуваат во изборот на нови членови на Судскиот совет, бараат оставки
Следна вестТепачка околу паркинг простор во Тетово