Фетаи ја осуди приредбата со униформирани деца, но порачува дека УЧК е симбол на напорите за поправедно општество

Арбен Фетаи, секретар за надворешни работи од Алијанса за Албанците и актуелен заменик-претседател на Владата реагираше на неодамнешните настани каде група ученици од основно училиште во Челопек беа облечени во униформи на УЧК и со пластично оружје во рака за да изведат приредба по повод Денот на албанското знаме.

Фетаи овие постапки ги оценува како погрешни и нималку неопходни, нагласувајќи дека ОВК останува возвишена вредност на албанскиот народ.

-Приредбата со униформирани и вооружени деца се погрешни, без разлика на припадност или историографија. Комитите, очигледно, сочинуваат важен дел од македонската национална свест. Во меѓувреме, УЧК останува највозвишената вредност на албанскиот народ. УЧК ја претставува жртвата за еднаквост, правда и достоинство. За Албанците, УЧК е симбол на напорите за поправедно општество и за изградба на држава во која секој граѓанин ќе биде еднаков и почитуван, објави Фетаи на социјалните мрежи.

Ваквата реакција на Фетаи дојде како одговор на вчерашната контрола на Просветниот инспекторат на училиштетото, утврдувајќи одговорност за недоличните активности. Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека имале дополнително пријави и за училиште во Чаир и Струга како и две училишта во Тетово. Таа одговори на реакцијата на опозициската ДУИ дека во Македонија има „антиалбанска политика“ и „двојни стандарди“ во образованието затоа што пред две години, во училиште во Аеродром деца биле одблечени како Комитите.

Претходна вестПо магливото утро, преку ден сончево и тивко
Следна вестВиетнамска тајкунка мора да собере 9 милијарди долари за да не биде погубена