Филмски грабеж, крадци украле 2.000 телевизори и 16.000 четки за заби

Крадци минатиот викенд упаднале во магацин на логистичка компанија во Дуизбург, Германија и од него украле неверојатна количина на работи. Градската полиција во вторникот соопшти дека меѓу другото во магацинот недостасуваат 2.000 ЛЕД телевизори и 16.000 електрични четки за заби.

Полицијата сега ги истражува индициите и ги разгледува снимките од надзорните камери, а во исто време апелира до можните сведоци да се јават затоа што, имено, крадците сигурно неколку пати се враќале со толкав плен со камиони, пренесува „ДПА“.

Крадците однеле и сеф тежок повеќе од 100 килограми. Се на се, штетата е проценета на 1,4 милиони евра. Криминалците упаднале во зградата кршејќи заклучен прозорец.

Претходна вестЗарем 5 дена е рокот на траење на демократијата во македонскиот парламент?
Следна вестЛевица: ДПМНЕ спремни за влада со ДУИ, за бугаризација и косоваризација на Македонија