Функционерите се распределија за Илинден: Пендаровски со Вучиќ во „Св. Прохор Пчински“, Џафери на Мечкин камен, Ковачевски на Кале

На 2 август 2023 година претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на чествувањето на државниот празник 2 Август – Ден на Републиката во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце и ќе предводи државно-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“. Во манастирот „Св. Прохор Пчински“ Пендаровски ќе биде пречекан од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по што двајцата претседатели ќе остварат билатерална средба.

По принципот на ротација, оваа година во Крушево на Мечкин камен ќе биде претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, ќе се обрати пред споменикот на Слободата – „Сила, слава и победа“ на Тврдината Кале во Скопје.

Претходна вестЌе продолжи субвенционирањето на парното греење во Скопје
Следна вестАндреј Андоновски, Војдан и Дамјан Стојановски остануваат во МЗТ Скопје