Гачевски до навивачите: Играме за Комити, играме за Вардар, вашата поддршка ни е најпотребна

Голманот на Вардар Филип Гачевски испрати искрена порака до навивачите пред саботниот старт на пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига. Вардар по паузата, значително ослабениот играчки кадар и финансиската неизвесност ќе се обиде оваа пролет да дојде до водечките две позиции на табелата кои водат кон Првата лига.

Гачевски преку видео објава побара поддршка од навивачите.

– Во сабота секој вардарец мора да биде на стадион. Играме за Комити, играме за Вардар. Вашата поддршка во овој момент ни е најпотребна затоа што не смееме да дозволиме Вардар да пропадне. Сега кога ни е најтешко да покажеме заедно дека сме најсилни, се вели во видеото.

Претходна вестПротести во Белград, се бара прекин на преговорите со Косово
Следна вестУчилиштето „Ѓорѓија Пулевски“ со јавна молба: Сторителот кој ја искрши кошаркарската плоча да ја надомести штетата