Годинашната средна оценка на матура е 3,25

Годинешната средна оценка на матурата е 3,25 и е е одлична во однос на објективноста, изјави денеска директорката на Државниот испитен центар, Билјана Михајловска. На прес-конференцијата таа заедно со министерката за образование и наука, Весна Јаневска ги претстави резултатите од полагањето на државната матура.

– Годинешната средна оценка на матурата е 3,25 и е пониска од претходно. Оценката е одлична во однос на објективноста. По мајчин јазик – средната оценка на учениците е 3,37, по англиски јазик е 3,06, а по француски јазик – 4,47, информира Михајловска.

Таа додаде дека заради препишување, користење на мобилен телефон во текот на тестирањето и констатирано препишување во текот на оценувањето, 268 пати е изречена мерката поништување на испитот.

Како што кажа Михајловска, што биле откриени 49 ученици кои за време на решавањето на тестовите користеле мобилен телефон, додека четири ученици се фатени како препишуваат решенија по претходно добиени одговори на поставените прашања. При оценувањето на тестовите, оценувачите детектирале 175 ученици кои препишувале на тестовите, како и 22 плагијати. Врз основа на тоа на 268 ученици на кои им е изречена мерката поништување на испитот ќе можат повторно да полагаат во августовскиот испитен рок.

Мерката поништување на испитот е изречена на ученици од 54 училишта. Најголем број на прекршување на правилата за полагање на Државната матура се констатирани во скопското средно училиште „Арсени Јовков“ каде имало вкупно 32, потоа во средното медицинско „Д-р Панче Караѓозов“ каде се изречени 18 мерки, во тетовското „8 Септември“ имало 14 изречени мерки, а по 13 мерки за прекршување на правилата на тестирањето се изречени во скопското „Методија Митевски – Брицо“ и дебарското „28 Ноевмри“. Во СУГС „Цветан Димов“ во Скопје се изречени 12 мерки за остранување од процесот на полагање на државната матура.

-Ова треба да биде порака за останатите генерации дека не треба да се користи препишувањето како метод за добивање на повисока оценка – никому не му користи тоа, констатира Михајловска, додавајќи дека овие ученици повторно ќе треба да дојдат во август да полагаат.

Министерката Јаневска најави дека МОН ќе почне преговори со универзитетите за ослободување на поголеми простори и амфитеатри, за од следната година да може да се спроведува државната матура.

-Спроведување на матурата во поголем простор даде резулати, па затоа ние најбрзо што може ќе поченеме преговори со универзитетите во државата да ни обезбедат поголеми простори – амфитеатри за да може во нив да се спроведува матурата, дополнително обезбедени со блокатори за децата да не може да ги користат комуникациските уреди. Ќе се повикаме и на одредби од законот, но и на морал и етичност, како од наставниците, тестаторите и набљудувачите, рече Јаневска.

Во 2023 година просечната оценка на матурата беше 3,67, во 2022 година 3,78, а во 2021 година 3,61.

Претходна вестНови именувања: Синиша Стојаноски ќе раководи со ГОБ „8-ми Септември“, Марија Андоновска во ИЈЗ
Следна вестМарина Димовска избрана за нова генерална секретарка на Собранието