Голема акција на македонските полициски специјалци, уапсени 15 лица

Голема полициска акција се одвива утринава на подрачјето на Скопје, открива за Канал 5 извор од МВР. Македонската полиција, засилена со специјалци, врши претреси на многу локации, но не само во Скопје, туку претреси се вршат и во Битола и во Ресен.

Притоа, како што дознаваме, лишени од слобода се повеќе од 15 лица, а при претресите биле пронајдени поголемо количество муниција и други предмети поврзани со кривични дела.

Од МВР потврдуваат дека во тек се претреси, а за целта на оваа голема полициска акција и за крајниот исход од претресите повеќе информации најавуваат во текот на денот.

Претходна вестВо Охрид изложба на фотографии од најзначајните културно-историски локалитети во земјава
Следна вестУапсени четири лица за неовластена трговија со девизи