Во Охрид изложба на фотографии од најзначајните културно-историски локалитети во земјава

Во Меморијалната куќа „Христо Узунов“ во Охрид од денеска до 7 јули ќе се одржи изложба на фотографии од голем формат од најзначајните културно-историски локалитети и други аспекти на културното наследство од Охрид и на територијата на Република Северна Македонија.

Основната цел на проектот е подобро запознавање и подигнување на јавната колективна свест за промоција, одржување и унапредивање и афирмација на археолошките зони, културно историските споменици, религиозниоте објекти и сите други форми на културно наследство на нашата земја, кои се вистински сензации на изложбите во најголемите европски и културни центри.

-Со оваа изложба се афирмираат неколку непобитни историски факти значајни за Република Северна Македонија, дека Свети Климент на возвишението Плаошник над Охридското Езеро создал книжевна школа и универзитет со околу 4 000 посетители, исто како што македонските фрескосликари, во црквата во селото Курбиново, на брегот на Преспанското Езеро и во манстирот „Св. Пантелејмон“ во близина на Скопје, создале дела со кои, всушност, ја навестиле ренесансата, она што е веќе откриено и заштитено во Стоби овозможува да се раскаже една цела оригинална приказна за објектите, вредностите и начинот на живеење во овој некогаш многу значаен град покрај Вардар и во средиштето на Балканот, богатството на артефакти од Плаошник, Хераклеа и на уште голем број археолошки локалитети сведочат за густината на творечките вредности, култури и религии на оваа наша почва, фреските, иконите, резбите и иконостасите од Бигорскиот манастир на прочуените протомајстори Макарие Фрчкоски, Димо Гарката, Дичо Зографот и плејадата нивни ученици и соработници во XIX век се сведоштва за нивниот раскошен, индивидуален авторски гениј, се наведува во најавата.

Изложбата ја реализира “Медиа Броадцастинг“, со подршка од Министерството за култура.

Претходна вестОд денеска повторно отворена за сообраќај делницата од Охрид до Подмоље на магистралниот пат кон Кичево
Следна вестГолема акција на македонските полициски специјалци, уапсени 15 лица