Делови од Скопје денеска (27 март) ќе бидат без електрична енергија и вода поради планирани интервенции и дефект во мрежата.
Според информациите од ЕВН Македонија, од 8 до 13 часот без струја ќе останат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“, како и дел од фирмите во општина Кисела Вода.
Во периодот од 10 до 12 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и во дел од улицата „Скупи“, вклучително и деловни објекти и приватно училиште во општина Карпош.
Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат и дел од жителите на улицата „30“ во населбата Трубарево, во општина Гази Баба.
Во меѓувреме, од РЦУК информираат дека поради уличен дефект, без вода ќе останат жителите на улицата „Демир Трајко“ 2 во населбата Нерези. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до целосно санирање на дефектот.
Надлежните апелираат граѓаните да се подготват и да ги прилагодат своите активности согласно најавените прекини.




