Граѓаните од Карпош реагираат: Зелениот појас кај булeвaрот „Мит. Теодосиј Гологанов“ Стевче Јакимовски планира да го насади со згради

Противење на предложениот Детален урбанистички план со кој зелениот појас покрај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ треба да добие повеќе згради и улица, искажуваат жителите од овој дел на општина Карпош. За утре е закажана седница на Советот на Општина Карпош на која четврта точка од дневниот ред е гласањето за Деталниот урбанистички план Ј03 блок 02. Жителите околу овој предлог одамна искажале незадоволство но општинската управа не се откажува од него. Граѓаните се категорични во отпорот детското игралиште, фонтаната и огромното зеленило покрај булеварот „Мит. Теодосиј Гологанов“ да се претворат во згради. Тие за утре пред Универзитетот за туризам и менаџмент, каде што треба да се одржи седницата на Советот на општината, најавуваат протест. Според нив, ова е „криминална промена на урбанистички план во Општина Карпош од страна на сегашниот градоначалник Стевче Јакимовски“. Ќе се поднесат и потписи од огромна група на незадоволни граѓани за бришење на оваа точка од дневен ред,

Граѓаните испратија и писмото до јавност во кое наведуваат следно:

-Овој план содржи сервисна улица пред зградите од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, од број 149 до фабриката „Реплек“. Тоа е зелениот појас кој почнува од спротива на старата болница „Систина“ до „Реплек“, преку улица на студенскиот дом „Гоце Делчев“. Тука има игралиште за деца и фонтана и шеталиште за жители од 17 згради.

А зад зградите на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, т.е. на улицата „Јуриј Гагарин“ каде што има паркинг за зградите и куќите, во план е да се прави сервисна улица до „Реплек“. Ова се прави со цел да се добие сообраќаен пристап за градежна парцела на која се наоѓа маркица за градење на 4 згради. Една зграда е со 11 ката и поткровје, една со 7 ката и поткровје и две згради со 6 ката и поткровје. Се уништува зеленило со километри и се заменуваат паркинг места за 17 згради и 50 куќи со сервисна улица.

Прашања до градоначалникот Стевче Јакимовски и до советниците кои ќе гласаат за овој предлог – Дали за ова ве избравме? Дали го заслужуваме ова? Дали вреди за 3 згради и профит за два-тројца да се уништува животот на 3.000 жители од „вашата“ општина?

Претходна вестПо иницијатива на Левица Велес ќе ги враќа моштите на Панко Брашнаров
Следна вестОд денеска па до 8 јули делницата Велес-Градско затворена за сообраќај