Граѓаните се закануваат со бунт против новиот рудник на 3,7 километри од Дојранското Езеро

Со граѓански бунт се закануваат граѓаните од дојранско-гевгелискиот регион доколку наскоро почнат геолошки истражувања за отворање на нов рудник за злато и бакар на само 3,7 километри од Дојранското Езеро. Граѓаните организирани во групата Спас за Гевгелија предупредуваат дека Дојранското Езеро е пред пропаст доколку се дозволи ова истражување за што Владата веќе доделила концесија. До реакциите доаѓа откако Владата на Македонија на својата 132 седница одржана на 28.02.2023 година донела одлука за доделување на Концесија за детални геолошки истражувања за злато и бакар на локалитетот Башибос-Бајрамбос во општина Дојран, на компанијата СУРСКОР дооел Скопје. Оснивач на оваа компанија е компанијата ПРГ од Малта, која покрај Македонија има регистрирано уште една компанија која има намера да се бави со рударство во Руанда, Африка.

-Локалитетот Башибос-Бајрамбос е одалечен само 3700 метри  од Дојранско езеро. Отварање на рудник за бакар и злато на овој локалитет значи комплетно уништување на Дојранското езеро, иселување на илјадници жители од општина Дојран, уништување на  викенд куќи на најмалку 10.000 граѓани, односно претварње во пустина на едно од најголемите природни богатства на Македонија. Оваа одлука представува флагрантно и безобразно кршење на Македонскиот Устав  и закони, предупредуваат граѓаните.

Тие потенцираат дека граѓаните од југоистокот нема да дозволат за нивната судбина  да одлучуваат  политичари кои ниту живеат, ниту се родени во овој регион.

-Веднаш стопирајте го оваа надлудничаво играње со судбината на народот и поништете ја незаконската одлука за доделување на концесија на СУРСКОР.  Во спротивно ќе има бунт, се закануваат граѓаните.

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, пак,ја демантира фејсбук групата „Спас за Гевгелија“ дека Дојранското Езеро е пред пропаст и соопшти дека испратил негативно мислење до Министерството за економија за постапка за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на ова алокакција.

-Најодговорно тврдам дека ниту сум дал позитивно мислење за доделување на концесија за детални геолошки истражувања за злато и бакар на локалитетот Башибос – Бајрамбос во Општина Дојран, ниту пак имам намера да одам против волјата на граѓаните, односно против нивната одлука донесена на референдум на која јасно е ставено до знаење дека жителите од Дојран се против отварање на рудници на оваа територија. Во Општина Дојран ниту имало, ниту ќе има рудници кои негативно ќе влијаат на добросостојбата на езерото и неговиот биодиверзитет. Рудници нема да има, напиша Ангов на Фејсбук.

Претходна вестНа денешен ден е роден Народниот херој Панче Попоски, како 20 годишник го дал својот живот за слободна Македонија
Следна вестРусите пукале со „Кинжал“, се светеле за терористичкиот напад врз Брјанск