Границите затворени, ама шверцерите со мигранти работат турбо

На автопатот Скопје – Гевгелија, кај Миравци, полицијата запрела комбе во кое се шверцувале 25 мигранти.

Полицијата по потрага го пронашла и го уапсила возачот, кој кога видел патрола, го оставил возилото и избегал. При контрола во возилото биле пронајдени 25 лица – мигранти. Возачот е момче на 20 години од скопското село Чучер – Сандево.

Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Она што зачудува е како при затворени граници од сите страни поради пандемијата, миграните наоѓаат патишта да се движат од земја во земја, со крајна дестинација некоја од западноевропските земји. Тоа пак овозможува да цвета бизнисот на шверцерите.

Претходна вестОд товарен воз на Табановце украдени апарати за домаќинство
Следна вестМицкоски од Инфективна со писмо до амбасадорите: Да се одложат пописот и локалните избори