Грк со црногорско „ауди” пробал да шверцува 1250 кутии цигари

Грчки државјанин се обидел да прошверцува цигари на граничниот премин Стар Дојран.

– Денеска  во 00:15 часот на граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, во координација со царински службеници откриле кривично дело „криумчарење“. При преглед во патничко возило „ауди А8“ со црногорски национални ознаки, управувано од С.П.(66) од Република Грција, во посебни прегради во багажникот биле пронајдени 1250 кутии цигари за кои не поседувал документација, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека возилото и цигарите биле преземени од Царинската управа за понатамошна постапка.

Претходна вестМароко најголемо изненадување на СП 2022, нацијата сонува за трофеј
Следна вестСДСМ и ДУИ ја доближуваат или оддалечуваат Македонија од ЕУ?