Груевски бара Врховен да ја преиспита пресудата за неговите плацеви на Водно

Поранешниот премиер, Никола Груевски побарал вонредно преиспитување на правосилната пресуда за „Плацевите на Водно“.

Барањето, Груевски го доставил вчера до Врховниот суд преку неговиот адвокат Димитар Дангов.

„Вчера до Врховниот суд е доставено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда од осудениот Никола Груевски преку неговиот бранител Димитар Дангов, адвокат од Скопје, по предметот познат во јавноста како „Плацеви на Водно“.

По поднесеното барање оформен е предмет под КВП-КОК2-16/23 и е распореден кај судија-известител за понатамошно постапување„, се наведува во соопштението.

Груевски во овој случај првостепено беше осуден на седум години затвор, а Апелација донесе правосилна пресуда и му ја зголеми казната за две години, односно правосилно е осуден на девет години затвор.

Се товареше за перење пари и противправно стекнување и прикривање имо

Претходна вестТетовец пријавен за демнење малолетничка
Следна вестГрадоначалникот нa Центар парично ги награди хигиеничарите кои ги чистеа купиштата ѓубре