Вечерва,на 23, 25 и 27 март во Кинотека на Македонија се прикажува македонскиот филм „Хомо“ на режисерот Игор Иванов Изи.
Инаку, филмот е селектиран во натпреварувачката програма „Балканска компетиција“ на фестивалот во Софија, кој е во тек и ќе трае до 31-ви март.
Продуцент на филмот е Томи Салковски, а улогите ги толкуваат актерите Александар Матовски – Цако, Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Јордан Симонов, МајлиндаКосумовиќ, Сашко Коцев, Оливер Митковски, Сергеј Димовски, Јоана Буковски, Себастијан Каваца, Јелена Јованова, Мони Дамевски, Мартин Манев и Славиша Кајевски.