И Морачанин против францускиот предлог: Отворените прашања со Бугарија треба билатерално да ги решаваме

Францускиот предлог не е прифатливо решение и не нуди можност за конечно, по 17 години кандидатски статус, започнување на преговорите со ЕУ. Останувам на ставот дека отворените прашања со Бугарија треба билатерално да ги решаваме и тие не треба да бидат причина за блокирање на македонските евроинтеграциски процеси, смета претедателката на ДОМ Маја Морачанин.

Морачанин е на чело на партијата ДОМ која е дел од владеачката коалиција, во интервју за НоваТВ нагласува дека македонскиот јазик и идентитет не смеат да бидат предмет на преговори.

-Факт е дека ние ги исполнивме сите услови за почеток на преговорите со ЕУ, што се потврди и со одлуката на Советот за општи работи на ЕУ од март 2020 година. Овој став е вграден и во Резолуцијата на Европските зелени за поддршка за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, усвоена во декември, минатата година. Со оваа Резолуција, Европските зелени ја повикуваат Бугарија да го отвори патот за првата меѓувладина конференција и да ги решава спорните прашања со Македонија билатерално, отстранувајќи го тоа како предуслов за започнување на пристапните преговори. Го повикуваат Европскиот совет да одржи меѓувладини конференции за директно отпочнување на пристапните преговори со Македонија и Албанија, најбрзо што е можно, изјави Морачанин.

Како ќе делува во парламентот по ова прашање засега не е соопштено.

Претходна вестСо штрајк и празни столчиња за пратениците ССМ бара поголеми плати
Следна вестКовачевски, Вучиќ и Рама со заеднички ставови ќе одат за Брисел