И покрај многуте опомени и укажувања дека заштитната маска е неопходна, полицијата секојдневно затекнува голем број на лица кои на јавни места не се придржуваат до препораките. Се изрекуваат и многу казни, ама…
Во текот на изминатото деноноќие во земјава се регистрирани 478 прекршоци во однос на мерката за неносење лична заштита на лице.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.