Темно Режим Светло Режим

И полицискиот радар е активен: Упасен 22-годишник – возел 139 километри на час каде е дозволено 60

Во денот кога целата македонска јавност е со вперени очи во тоа колку ќе се смират безобразните возачи откако се пушта во оптек системот „Сејф Сити”, во битолско уапсен возач кој возел навистина безобѕирно. Имено, вчера во 15:25 часот на патот Битола-Маково, полициски службеници лишиле од слобода 22-годишник бидејки при контрола на сообраќајот со радар, припадницитен на МВР констатирале дека возел со 139 километри на час, каде што брзината е ограничена на само 60 километри на час.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување на моторно возило”.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Advertisement
Претходниот Пост

Лишен од слобода полициски службеник од Делчево, возел без возачка дозвола, одземено е возилото

Следниот Пост

Владата го усвои годишниот план за енергетски објекти за 2026 година