Со звуците на Нина Спирова „прошетајте се“ низ „Скопје 1973 година“

„Скопје 1973 година“ е насловот на онлајн изложбата на американскиот професор Џоел Мартин Халперн, виртуелно отворена до 15 јуни, со тематика поврзана со престојот на професорот во Скопје. Халперн го фотографирал Скопје 10 години по земјотресот, во 1973 година.

Изложбата во позадина ги има звуците на Нина Спирова, преку кои се добива посебно чувство како посетитетлите да чекорат низ градските улици точно во 1973-тата.

Џоел Мартин Халперн (1929 – 2019) и Барбара Керевски-Халперн (1931–) се американски антрополози што го реализирале првото антрополошко истражување во Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Во 50-тите години на ХХ век, тие подолг временски период престојувале во селото Орашац, во Шумадија, Србија, реализирајќи монографско антрополошко проучување од што произлегла нивната книга „Српско село. Општествена и културна промена во југословенската заедница“.

Во текот на престојот во СФР Југославија, сакајќи што подетално и поизворно да се запознаат со општествените и културните прилики во другите краишта и републики, патувале многу често. Така, во текот на 1954 година, тие ја посетиле социјалистичка Македонија, престојувале во Скопје и во повеќе градови низ републиката. Потоа, уште на неколку наврати патувале и престојувале во Македонија, како во 1962 година, потоа во 1973 година, а реализирале престој и во текот на 80-тите години на ХХ век.

Претходна вестАвтомобил удри во метален столб во Капиштец, дел од населбата неколку часа немаше струја
Следна вестНе знам дали Филипче чита што му пишуваме на Фејсбук, ама имам едно прашање…