Ич нема среќа улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром

Градежна поправка на улица во Скопје многу често станува кошмар за скопјани. Да, сите на почетокот на работењето се радуваат дека нешто ќе се поправи, ама кога ќе видат колку тоа трае…

Е таков пример е и делот од улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром во близина на основното училиште „Љубен Лапе“. Раскопана е со месеци и никако да се заврши.

Пред тамошната полициска зграда и касарната има една раскопаница која се повеќе се претвора во длабока дупка. Зошто барем тоа не се направи, зарем надлежните не гледаат дека е многу долга и многу го попречува сообраќајот?

На само 10 метри од дупката по која се испокршија многу автомобилски амортизери има и многу песок и две – три градежни машини  кои чекаат да почнат да работат на проширување на улицата. Сето тоа не може да помогне околу дупката? Деновиве, само се постави знак на предупредување за возачите дека треба да ја заобиколат дупката. А тоа може да значи дека или на надлежните конечно им текнало дека коловозот треба да се поправи или, пак, дека така ќе остане и во иднина…

Да потсетиме: Почеток на подготовките за работа на оваа улица почнаа уште во времето на претходниот градоначалник Шилегов. А новото градско и општинско раководство уште на почетокот на април почна со сечење на дрвја долж улицата, а потоа се раскопа патот со цел да се прошири. Но се така остана.

Тамошните жители апелираат до градоначалничката Данела Арсовска и градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски барем да ја средат дупката. За другото се надеваат дека некогаш ќе биде започнато да се прави

Претходна вестКовачевски: Повикувам на обединување
Следна вестСончево со мала облачност, попладне пороен дожд и грмежи