Им ја затворија салата, ракометарите на Македонија Ѓорче Петров принудени да тренираат на отворено

Тренинзи на отворено по студено време се принудени да одржуваат ракометарите на Македонија Ѓорче Петров откако е затворена спортската сала којашто досега ја користеа. Според информациите од клубот, спортската сала во рамките на средното училиште „Кочо Рацин“ веќе не им е достапна откако е ставена вон употреба. Како што им било кажано во клубот кој се натпреварува во прва македонска лига, истата, била нефункционална и небезбедна за идни натпревари.

Но, сето ова предизвика револт во клубот каде сметаат дека се работи за опстукција на нивното делување. Клубот вчера се огласи и на социјални мрежи каде се објавени фотографиите од кои се гледа како машките и женските ракометари се принудени да тренираат на отворено на паркингот пред салата.

-Ниту една бирократска процедура, ниту една инспекција, ниту следните чекори, ниту…. Нема да го скрши Ѓорчепетровскиот непокор. Се што нема да го убие само ќе го направи посилен лавот!!! Ги започнавме подготовките, пак на отворено, а салата нека седи затворена за клубовите од Ѓорче Петров. Не се плашат од ништо ниту сениорите ниту најмалите, просто нема што да не исплаши. Борбата продолжува!!!, стои во соопштението на клубот Македонија Ѓорче Петров.

Претходна вестВо Вардар пронајдено безживотно тело
Следна вестВо парк нападната 40-годишна скопјанка од поранешниот партнер