Во парк нападната 40-годишна скопјанка од поранешниот партнер

Во парк била нападната 40-годишна скопјанка од поранешниот вонбрачен партнер. Поради тоа таа го пријавила во полиција.

– На 28.01.2023 во 20.30 часот во Полициска станица Центар, 40-годишна скопјанка пријавила дека околу 14.00 часот во парк на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М, информираат од МВР.

Од МВР велат и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестИм ја затворија салата, ракометарите на Македонија Ѓорче Петров принудени да тренираат на отворено
Следна вестОграбена бензинска пумпа и обложувалница во Скопје