Имери и Илкоски вечерва на заеднички концерт во Филхармонија

Виолинистот Бојан Илкоски и пијанистот Дино Имери вечерва со почеток во 20 часот на заеднички концерт ќе настапат во камерната сала на Филхармонија.

Екслузивно, во живо, публиката ќе има можност да ја слушне премиерно новата програма која уметниците напролет ќе ја изведуваат низ повеќе европски метрополи, почнувајќи со ексклузивен рецитал на престижниот Љубљана фестивал во Словенија.

Станува збор за дела од Кодаи, Дебиси, Крајслер, Виењавски, Изаи, Бацини, К. Петровски/Дамир Имери. Концертот се реализира во соработка со Еуромак и Филхармонија.

Претходна вестСкопје под море од магла и загадување- ист воздух ли дишеме со градоначалниците и нивните семејства?
Следна вестМагла до пладне, потоа облачно со слаб ветер