Импровизирана лабораторија со канабис откриена во Гевгелија

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи вчера попладне го лишиле од слобода Р.Ј.(27) од Гевгелија затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста и прашкаста кафеава материја и поголем износ на пари.

Како што соопшти МВР, малку подоцна со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом во Гевгелија, при што биле пронајдена импровизирана мини лабораторија со саксии со канабис, како и марихуана и семки од канабис.

– Пронајдените предмети се предадени за вештачење, а по целосно документирање на случајот, заедно со кривичната пријава, ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, се вели во соопштението од МВР. 

Претходна вестДоделени државните награди „Св. Климент Охридски“ за 2022 година
Следна вестПочинато лице пронајдено во погон во Скопје