Исчезнатиот жител од каменичко пронајден починат

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Т.А. (50) од каменичкото село Дулица. Тој е пронајдена починат во близина на неговиот дом.

-Околу 12.30 часот во с.Дулица, општина Македонска Каменица, во близина на неговиот дом бил пронајден починат Т.А.(50) од с.Дулица, за кого неговиот брат Ј.А. на 25.04.2023 пријави дека се оддалечил од домот. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството, велат од МВР.

Во потрагата се вклучија и жители од Македонска Каменица, Делчево, Виница и Кочани, а активно учество имаше и од неколку ловни здруженија.

Претходна вестУапсен е 21-годишник, при претрес кај него е пронајдена марихуана
Следна вестСаем на книга од 4 до 10 мај, понуди на издавачките куќи и промоција на читањето