Уапсен е 21-годишник, при претрес кај него е пронајдена марихуана

Уапсен е 21-годишниот П.Т. од битолското село Горно Оризари. Полицијата вчера кај него пронајде и одзема 13 паковки со марихуана, дигитална вага и други предмети.

На 26.04.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода П.Т.(21) од с.Горно Оризари, битолско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 13 паковки со марихуана, дигитална вага и други предмети, се вели во соопшението од МВР.

Лицето е задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вест118 години од загинувањето на Никола Карев: Ја водеше Крушевската република, животот го даде за Македонија
Следна вестИсчезнатиот жител од каменичко пронајден починат