Историска џамија во Солун повторно ги отвори вратите по еден век

Околу стотина муслимани вчера го прославија Рамазан Бајрам – крајот на Рамазан, во историска џамија која беше отворена за прв пат по 102 години во грчкиот град Солун, каде досега немаше јавни џамии.

Адел Џобран (20), бегалец од Јемен, кој студира во Солун и работи во ресторан, изјави дека во тој град живее четири години и за прв пат има можност да се моли со своето муслиманско семејство.

-Имаме среќа што ни се отвора џамијата и чувствуваме голема радост што учествуваме во оваа молитва, изјави за АФП Исмаил Бедредин (66), пензиониран столар.

„Јени џамија“ (Нова џамија), е историски споменик изграден во 1902 година од италијанскиот архитект Виталијано Посели, првобитна религиозна намена имала едвај две децении, а била музеј од 1963 година до реставрацијата која последниве години ја иницира грчкото Министерство за култура и религиозни прашања.

Изградена на два ката, комбинирајќи ја муслиманската традиција со елементи на архитектонскиот стил од 19 век, џамијата на почетокот на 20 век служела како место за богослужба за еврејските преобратеници во муслиманската вера, наречено „Донме“.

Во поново време, џамијата се користеше како изложбен простор за Општинската галерија на Солун.

Претходна вестЖичницата на Водно нема да работи поради технички зафати
Следна вестМЗТ го победи Широки и направи голем исчекор кон полуфиналето во АБА2 лигата