МЗТ го победи Широки и направи голем исчекор кон полуфиналето во АБА2 лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје имаа одлично второ полувреме во кое се изборија за голема предност против тимот на Широки (85:69) пред реваншот за седум дена. Вечерва, аеродромци го одиграа првиот натпревар од четвртфиналната серија на плеј-офот во АБА 2 лигата.

Израмнето се играше во првите десет минути од овој четвртфинален дуел, првиот од двата предвидени помеѓу двата добро познати ривали од оваа регионална конкуренција. МЗТ Скопје имаше минимална предност (18:17).

Потоа гостите успеаја во обидите да го свртат резултатот во своја корист. За кратко направија добра серија од (13-4) и поведоа со солидни (30:22).

По тајм-аутот на тренерот Атанасов, домаќините, во голема мерка, по заслуга на расположениот Делалиќ, успеаја да се доближат, односно со своја мини-серија, да намалат на (30:33). До полувремето Широки ја задржа предноста на својата страна (41:37).

На почетокот на второто, скопските „сино-бели“ влегоа во нова серија. Реализираа девет поени по ред и поведоа.

Предводени од двоецот Војдан Стојановски – Делалиќ, МЗТ Скопје дојде до голем плус од 16.поени со кој за седум дена ќе тргне (уште еднаш во оваа сезона) во Широки Бријег каде ќе се бие втората битка за полуфинале.

Војдан застана на 21.поен, но имаше и пет скока и четири додавања, Делалиќ го следеше со 17. Им се приклучија и Танасковиќ со 16.пени (и седум скока), односно Гилон, кој дополни со 11.поени (четири скока и три асистенции).

Претходна вестИсториска џамија во Солун повторно ги отвори вратите по еден век
Следна вестБез вода корисници од општина Ѓорче Петров