Тетовската полиција започна истрага кој стрелал од огнено оружје во теолошкото училиште во градот, при што се оштетени прозорци од објектот.
Случајот е пријавен утринава, а според пријавителите пукањето и оштетувањето се случило изминатата ноќ.
Според СВР Тетово оштетени се неколку прозорци од објектот на средното теолошко училиште „Медреса Иса Беу“ лоциран на улица Пробиштипска во Тетово. Оштетени се прозорци на првиот и погорните катови, односно светларници.
При увидот пронајдени се неколку проектили и чаури.