Избрани најдобрите фотографии на конкурсот „Skopje Photo Week 2020“

Најдобрите фотографии кои се избрани на конкурсот „Skopje Photo Week 2020“ ќе бидат изложени на 24 декември во 19 часот во холот на Младинскиот културен центар. Изложбата која ќе трае седум дена, односно, до 31 декември, ќе започне со доделување на пофалници за фотографите чии фотографии се изложени.

-На изложбата ќе можете да ги погледнете трите победнички фотографии на конкурсот, најдобрата фотографија од Инстаграм, како и најдобрите топ 20 фотографии. Да ги поддржиме нашите домашни фотографи и да го погледнеме Скопје низ нивниот алтернативен агол, порачуваат организаторите.

Бројката на фотографии кои аплицирале на конкурсот што траеше до 20 ноември, е заокружена на 1.200 апликации.

Претходна вестДа веруваме дека 607.000 садници ќе посадите или фактура ќе ни дадете да ја платиме?
Следна вестДа ги вакцинираме државните функционери против малодушност!