Излезе во дигиталниот простор осмата по ред електронска стихозбирка „Отковидување“ чија тема, овој пат, е ковид 19 и се што последователно се случуваше.
На страниците од книгата можат да се најдат авторите како Михаил Ренџов, Катица Ќулавкова, Веле Смилевски, Виолета Танчева Златева, Лидија Димковска, Владимир Мартиновски, Драгана Евтимова, Ненад Јолдески, Ерол Туфан, Роман Кисјов, Амир Ор, и други.
Сите тие се дел од иницијативата #СоПоезијаПротивКорона и на овој начин го пополнуваа недостатокот од емпатија кој е секогаш носечки проблем кога човештвото е во криза. Стихозбирката има 200 страни.