Единаесет лица осомничени за вклученост во криминална мрежа која измамила околу стотина жртви, ќе се појават пред суд во Париз.
Измамниците ги убедувале клиентите да им ги предадат своите банкарски картички на курири преку повеќестепена манипулација која вклучувала СМС-пораки за наводни измами и лажни телефонски повици.
Според обвинителството, откако ќе ги добиеле картичката и ПИН-кодот, куририте ги празнеле сметките на жртвите или купувале вредна стока. Вкупната штета се проценува на 740.000 евра, а истрагата открила 148 кривични дела извршени низ Франција во периодот меѓу април 2022 и април 2023 година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




