Изречени 159 казни во Скопје, 40 за брзо возење

Изречени се вкупно 159 казни на територија на град Скопје вчера, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола и две санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за непрописно престројување, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

Полицијата соопшти дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и упатува апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Претходна вестУапсен силувач на кучиња од Хрватска, бил вработен во Европскиот парламент
Следна вестВладин службеник испразнил брана за да го најде телефонот што му паднал додека правел селфи