Јадел бурек за време на ковидот, полицијата го казнила 400 евра, сега ќе му ги вратат парите

На Словенецот кој беше казнет со 400 евра бидејќи јадел бурек за време на ковид мерките сега државата ќе треба да му ги врати парите. Истото важи и за повеќе од 60.000 други Словенци кои ги прекршиле мерките против Ковид.

Владата на Словенија одлучи да ги врати парите на граѓаните и да ги укине казните изречени за прекршување на правилата за време на локдаунот поради коронавирусот. Еден од примерите и симболите на суровиот начин на кој властите воведоа рестрикции за корона вирусот е доставувач од Љубљана кој е казнет со 400 евра.

Тој во работното време седнал на скалите пред црквата да се одмори и да јаде бурек. Тогаш полицијата му пришла и го казнила затоа што ја извадил маската. Сега тој доставувач ќе си ги врати парите и ќе биде исчистено неговото полициско досие.

Истото важи и за повеќе од 60.000 други Словенци кои ги прекршиле мерките против Ковид.

Полицијата изрече казни во висина од речиси 6 милиони евра во период подолг од две години. Но, од оваа недела стапува на сила законот за враќање на тие пари.

Повратот на парите беше едно од ветувањата на премиерот Роберт Голоб пред неговото централно-левичарско Движење за слобода да биде избрано минатата година. Претходната десничарска администрација, предводена од поранешниот премиер Јанез Јанша, воведе строги ограничувања на слободата на движење и собирање.

На различни места, на Словенците не им беше дозволено да патуваат надвор од нивните локални области, а беше воведен и ноќен полициски час.

Претходна вестСобирот на ОБСЕ утре ќе ги скрати часовите во скопските училишта на 20 минути за да не се загуби втората смена
Следна вестРК Алкалоид во Нови Сад во нова „европска авантура“