Темен режим Режим на светлина

Собирот на ОБСЕ утре ќе ги скрати часовите во скопските училишта на 20 минути за да не се загуби втората смена

Скопските училишта со скратување на часовите утре ќе ја одржат и попладневната смена, а со што ќе се испочитува владината одлука работното време да заврши во 12 часот на пладне. Учениците од скопските следни училишта вчера и завчера се информирани дека наставата ќе има и дека часовите ќе траат по 20 минути и дека нема да има паузи за одмори.

Така, наставата во првата училишна смена ќе започне со првиот наставен час во 7.30 часот, вториот ќе започне во 7.50, третиот во 8.10, четвртиот во 8.30, петиот во 8.50, а шестиот во 9.10 и ќе трае до 9.30 часот.

Наставата во втората смена, која вообичаено почнува околу 13 часот, утре ќе започне во 9.30 часот, вториот час е во 9.50, третиот во 10.10, четвртиот во 10.30, петиот во 10.50 и шестиот во 11.10 часот.

Според владината одлука работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје – на 29-ти ноември 2023 година (среда), треба да заврши во 12:00 часот.

-А, 30-ти ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Овие заклучоци се однесуваат и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, а не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје – коишто е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање, информираат од Владата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Словенија ќе ги врати парите на граѓаните и ќе ги укине казните за прекршување на мерките против Ковид

Следна објава

Јадел бурек за време на ковидот, полицијата го казнила 400 евра, сега ќе му ги вратат парите