Темен режим Режим на светлина

РК Алкалоид во Нови Сад во нова „европска авантура“

Македонскиот ракометен вицешампион, екипата на Алкалоид, вечерва против Војводина (18.45 часот) во Нови Сад ќе го одигра последниот гостински меч сезонава во Лига Европа, во обид да собере дополнително искуство, но и ако се укаже можност да го изненади силниот противник.

Шансите за пласман во следната фаза се загубени, но тоа нема да ја намали мотивацијата кај избраниците на тренерот Кирил Лазаров. Напротив, тие се желни да покажат дека заслужуваат да играат во вака силна конкуренција.

– Нѐ очекува голем предизвик во дуелот со Војводина. Станува збор за сериозен противник, но ние сме подготвени и мотивирани да дадеме сѐ од себе во Нови Сад и да се надигруваме со еминентниот ривал, вели голманот на „фармацевтите“, Иван Галевски.

Дека Алкалоид не е наивен ривал покажуваат и зборовите на тренерот на Војводина, Борис Ројевиќ.

– Овие натпревари се најтешки, затоа што сите очекуваат победа, а противникот нималку не е наивен. Се надевам дека и публиката ќе го препознае моментот дека ни е потребен ветер во грб, затоа што против Алкалоид нема воопшто да биде лесно. Тоа е добар тим, имаат одлични играчи и мораме да бидеме максимално во мечот од прв до последен момент, изјави Ројевиќ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Јадел бурек за време на ковидот, полицијата го казнила 400 евра, сега ќе му ги вратат парите

Следна објава

Дали градбата за еден мегават час во „Чебрен“ ќе чини 3 милиони евра, а во други земји цената е 1,6 милиони?