Јанушев читаше вести во кој го спомна синот на Џафери, овој му возврати дека не му е до малиот прст

Жесток вербален инцидент се случи вчера во македонското Собрание. Инцидентот кој можеше да прерасне во физички беше помеѓу пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Јанушев од собраниската говорница му читаше на премиерот Димитар Ковачевски вести кои се најактуелни во медиумите, меѓу кои беше и веста дека синот на собранискиот спикер Талат Џафери без правосуден се запишал на Академијата за обвинители.

На ова реагираше Џафери, по што дојде до меѓусебни навреди и обвинувања.

– На синот на Талат Џафери не можеш да му дојдеш ни до малиот прст. Прво до малиот прст не можеш да дојдеш. Слушај сега, на синот на Талат Џафери ни ти ни многу од вас тука не можете да му дојдете до малиот прст. Второ, синот на Талат Џафери не се шета по судници. Синот на Талат Џафери не можеш да го видиш дрогириан, рече Џафери.

На говорницата се врати Јанушев кој му рече: „Вести читав! Ако имаш нешто да ми кажеш излези да реплицираш“.

За да не дојде до посериозен инцидент реагираше координаторот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ кој излезе за да го тргне Јанушев од говорницата.

Претходна вестАпасиев: Секогаш кога функционери на ДУИ се фатени во криминал, се закануваат со војна
Следна вестМоже па нивните деца навистина се најталентирани?